ПОВЕЌЕ

    КАКОВ ИНТЕРЕС ПОКАЖАЛЕ НОВИТЕ ФИРМИ ЗА БАНКИТЕ ВО 2022: ПОБЕДНИК Е ХАЛКБАНК, зад неа е НЛБ

    Време зa читање: 3 минути

    Најмногу сметки од новоотворени компании во текот на минатата година имало во Халк банка. Ова го покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Според нив, лани, од 8.665 новоотворени компании (до 16 јануари, кога се ажурирани податоците), 1.959 компании за своја матична банка ја избрале Халк банка, а веднаш зад нив е НЛБ банка, која е избор на 1.859 фирми.

    Порталот Пари редовно ги следи трендовите во банкарскиот систем. Халк банка и НЛБ банка се двете банки кои подолго време се во тесна трка кога е во прашање избор на матична банка од страна на новите фирми. Конечниот биланс за минатата година е предност на Халк банка.

    Во првите 5 банки по привлечени фирми влегуваат и Комерцијална банка, со 1.415 нови правни коминенти, Стопанска банка – Скопје, со 1.139 фирми, и Шпаркасе банка, која лани била избор на 502 нови фирми. За овие 5 банки, всушност, се одлучиле 6.847 правни субјекти, со што тие учествувале со 79,3 отсто во вкупниот број на сметки на новоотворени компании. Овие банки се во групата на големи банки, според класификацијата на Народна банка.

    ТОП 5 банки по отворени сметки од нови фирми во 2022 година

    БанкаНовоотворена фирма - клиент
    Халкбанк1.959
    НЛБ банка 1.859
    Комерцијална банка 1.415
    Стопанска банка - Скопје 1.139
    Шпаркасе банка   502

    Извор: БизнисМрежа.мк

    ВО СКОПЈЕ „ПОБЕДИ“ НЛБ БАНКА

    Структурата на новоотворените фирми по градови, секако е следена и со отворање на сметки во тие градови. Очекувано, во Скопје се отвориле најмногу фирми, 38 отсто од вкупниот број на новоотворени компании. Иако во цела држава „победник“ е Халк банка, со предност од 100 новоотворени сметки пред НЛБ банка, во Скопје „победник“ е токму НЛБ банка.

    Во Скопје се отвориле најмногу фирми – 3.359 и најголем дел од нив (825) ја избрале НЛБ банка, вториот избор била Халк банка (775 фирми), а трет избор била Комерцијална банка (697 фирми).

    Тетово е втор град по новоотворени фирми во 2022 година. Се отвориле 479, а најмногу од нив за матична банка ја избрале Халк банка (141), додека ТТК банка ја избрале 71 форма. Во НЛБ банка отишле да отворат сметка 69 компании.

    Битола, со 415 нови фирми отворени лани е третиот град по новоотворени фирми. Таму најмногу се отворале сметки во НЛБ банка – 85, па во Стопанска банка ‒ Скопје (54) и во Комерцијална банка (50).

    ТОП 3 градови по новоотворени фирми и 3 најизбрани банки

    ГрадНовоотворени субјектиПрва по избор банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Скопје3.359НЛБ банка (825)Халкбанк (775)Комерцијална банка (697)
    Тетово479 Халкбанк (141)ТТК банка (71)НЛБ банка (69)
    Битола 415 НЛБ банка (85)Стопанска банка – Скопје (54)Комерцијална банка (50)

    ТРГОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОТВОРАЛЕ ФИРМИ, А НИВЕН НАЈЧЕСТ ИЗБОР Е ХАЛК БАНКА

    Податоците што ги анализираме покажуваат дека трговците се тие што во минатата година имале најголем интерес за да отворат фирма. Во 2022 година има отворено 1.975 фирми во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Од нив, пак, дури 515, или 26 отсто ја имаат избрано Халк банка за матична банка.

    На второ место се услужните дејности, каде што се отвориле 1.059 фирми. Од нив, најмногу (256 компании) ја избрале НЛБ банка.

    На третото место е градежништво, со 817 новоотворени фирми. Градежните фирми најчесто се одлучувале своето банкарско работење да го доделат на Халк банка, со 260 фирми.

    ТОП 3 дејности со новоотворени фирми и 3 најизбрани банки

    ДејностНовоотворени субјектиПрва по избор банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли1.975Халкбанк (515) НЛБ банка (393)Комерцијална банка (301)
    Други услужни дејности  1.059НЛБ банка (256)Халкбанк (193)Комерцијална банка (180)
    Градежништво817 Халкбанк (260)НЛБ банка (151)Стопанска банка  (90)

    Изор: БизнисМрежа.мк

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично