ПОВЕЌЕ

    Каков беше мартовскиот промет на македонска берза?

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2021 година вкупниот промет изнесувал 757.514.703 денари што претставува намалување за 45,52 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 424.295.968 денари и е намалено во однос на февруари 2021 за 57,76 отсто кога изнесувало 1.004.456.344 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.690.974 денари и обврзници во  вредност од 102.604.994 денари.

    Блок трансакциите за март изнесувале 333.218.735 денари и се намалени за 13,70 отсто во однос на февруари.

    Бројот на трансакции во март изнесувал 1.466 и е намален за 42,19 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.536.

    Aкциите на Комерцијална банка во месец март 2021 година се со промет од 130.208.028 денари или 2.110.554 евра и го заземаат првото место на најтргувани акции на официјалниот пазар за месец март. Потоа следат акциите на Алкалоид Скопје и Макпетрол Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил АД Скопје со 65.572 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 62,40 денари.

    Месечниот статистички билтен за март 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично