ПОВЕЌЕ

    Како може да заштедите повеќе?

    Време зa читање: 2 минути

    Сите ние имаме соништа и цели кои бараат пари. Понекогаш станува збор за нов пар чизми или можеби нов автомобил или одмор. Без оглед на нашата финансиска цел, таа често бара дополнителни пари што ги немаме. Добрата вест е дека има многу начини да заштедиме.

    Повеќето луѓе не сакаат да го променат својот животен стил, затоа заглавуваат во овој циклус во кој секогаш потсвесно посакуваат да дејствуваат. Вистината е дека не е потребно многу за да заштедите односно заработите неколку дополнителни денари. Само треба да бидете подготвени да вложите малку екстра време и напор.

    Благодарение на стартапите како „Airbnb“,  можеме да ги употребиме нашите недвижности за да заработиме пари. Повеќето од нас поседуваме работи кои не ни се неопходни. Тие често се акумулираат во голем број, и многу пати не сме свесни за работите кои ги имаме а други би платиле пари во секој момент.

    Некој дел од нив, со годините ја губат својата вредност. Затоа е паметно е да ги продадеме што поскоро. Во Македонија, двете најпопуларни веб страни за тоа се reklama5.mk и pazar3.mk. Доколку продавате гардероба, можете да пробате и на mojagarderoba.mk.

    Па така, проверете ги вашите плакари, играчки за деца и вашата гаража или подрум, за да повлечете предмети што сакате да ги продадете.

    Брз и едноставен начин да се дојде до дополнителни средсва е да бидете свесни за вашите такси, казни, даноци, провизии и членарини. Земете ги вашите банкарски и инвестициски сметки. Можеби не сфаќате дека плаќате данови, членарини, провизии, за да ги чувате парите или за да ги повлечете. Секако дека сите овие давачки, сами по себе се малку, но на долг рок, може да пораснат во значителна сума. Бидете свесни, и превземете акција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично