ПОВЕЌЕ

    Како кинескиот дигитален јуан би се одразил на американската економија?

    Време зa читање: 2 минути

    Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден собира податоци за плановите на Кина да го користи дигиталниот јуан.

    Американските служби предупредуваат дека со помош на дигиталната валута, Кина може да ја ослаби својата улога во светот и позицијата на доларот, пишува Блумберг.

    Цитирајќи извори од Стејт департментот, Министерството за финансии и Агенцијата за национална безбедност, Блумберг тврди дека се активирани напори во овие и во други институции и агенции, за да се разберат последиците од користењето на дигиталниот јуан.

    Некои американски официјални лица стравуваат дека употребата на дигиталниот јуан може да стане еден елемент на долгорочен напор за симнување од светската валута, рече Блумберг, додавајќи дека Америка е особено заинтересирана за тоа како ќе се дистрибуира дигиталниот јуан и дали се прават санкции.

    Исто така, додава списанието, Вашингтон ги анализира последиците од циркулацијата на дигиталниот јуан на светскиот финансиски систем на долг рок.

    Блумберг тврди дека администрацијата на Бајден во моментов не планира никакви контрамерки против можната закана од кинеската дигитална валута.

    Покрај тоа, додаде тој, интересот за можностите за создавање дигитален долар расте во Вашингтон и веќе се разгледуваат правни чекори во таа насока.

    Кина е еден од светските лидери во развојот на сопствена дигитална валута, која може да биде достапна за употреба дури и без мрежен сигнал и Интернет. Во август минатата година, Одделот за монетарна политика на Националната банка на Кина објави дека Кина спроведува затворено тестирање на дигиталниот јуан во различни градови, но дека нема одреден датум за почеток на неговото спроведување.

    Европската централна банка (ЕЦБ) исто така размислува за воведување на дигиталното евро во следните пет години, но германската централна банка Бундесбанк се противи на ваквите планови, стравувајќи дека тоа може да претставува ризик за банките.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично