ПОВЕЌЕ

    Kако да заштедите повеќе, без многу размислување

    Време зa читање: 2 минути

    Дали сте го пробале овој „трик“ за штедење?

    На сите нам ни се случува да си велиме дека од денес почнуваме со активно штедење, макар тоа било и „под перница“. Тоа си го велиме веднаш откако ќе потрошиме поголема сума на пари непланирано. Меѓутоа, уште од наредниот ден забораваме што сме си ветиле и продолжуваме со старите навики за трошење.

    За да ШТЕДИМЕ, потребна е волја, но и уште повеќе потребна е поголема ДИСЦИПЛИНА за штедење што треба да ни стане редовна навика и да стане дел од нашето секојдневие.

    За да ви помогнеме, каде притоа ќе ви стане и интересно, ви даваме подолу еден „ТРИК“ за штедење:

    „Ставајте ги настрана сите банкноти (монети) од по 50 денари што ќе ви влезат во паричникот.“

    Без разлика за која монета или банкнота станува збор, дали за 5, 10, 50, 100, или 1.000 денари, важно е согласно вашиот буџет да си поставите цел на штедење. Со овој пристап не морате многу да размислувате за штедењето. Едноставно таа пара што ќе ја одредите, секогаш кога ќе ви падне во раце, нема да смеете да ја употребувате за друго, освен да ја заштедите.

    Ви даваме корисен СОВЕТ за штедење каде преку т.н. игра, вашите заштеди ќе се зголемуваат неосетно и постојано.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично