ПОВЕЌЕ

    Како Ворен Бафет го троши своето богатство?

    Време зa читање: 5 минути

    За разлика од другите милијардери, богатството на Ворен Бафет беше погодено од нестабилната берза и шокот што го претрпе економијата поради пандемијата.

    Акциите на Беркшир Хатавеј, паднаа за осум проценти од почетокот на годинава, што резултира со „бришење“ на неколку милијарди долари од сметката на Бафет.

    Богатството на Бафет се намали и во јули, кога тој донираше 2,9 милијарди долари во добротворни цели, како дел од ветувањето дека ќе донира најголем дел од своите милијарди.

    Како резултат на тоа, инвестицискиот гигант го смени своето место на списокот на милијардери на Блумберг – тој падна од четвртото на осмото место во јули. Блумберг во моментов го рангира Бафет како седми најбогат човек во светот, со проценка дека богатството на овој инвеститор е намалено за околу 11 милијарди од почетокот на годинава.

    Според истражувачката фирма Wealth-X, богатството на Бафет се проценува на 84 милијарди долари. Ова се базира на проценките за вредноста на средствата на Бафет заклучно со 13 август годинава, кои компанијата ги достави до CNBC (во средата, Блумберг го процени богатството на Бафет на околу 79 милијарди долари).

    И покрај тоа што е една од најбогатите луѓе во светот, Бафет е исклучително штедлив, избегнува огромни куќи, јахти и скапи автомобили. На пример, и покрај тоа што има милијарди долари, Бафет вели дека јаде секое утро во Мекдоналдс, никогаш не трошејќи повеќе од 3,17 УСД, и со години користел евтин телефон во вредност од 20 долари, а дури во февруари годинава купил iPhone 11. Беркшир поседува околу 5,9 проценти од Епл.

    Како тогаш еден од најбогатите луѓе го троши своето богатство?

    Недвижнини

    Бафет рече дека никогаш немал желба да има многу куќи и автомобили. Затоа, не е изненадување што тој сè уште живее во куќа од 600 квадратни метри што ја купи за 31.500 долари во Омаха уште во 1958 година. Оваа цена на куќата е еквивалентна на денешните 285.000 долари.

    Бафет дури работел и од дома за време на пандемијата.

    Welt X ја проценува вредноста на пет спални соби и две бањи на еден милион долари. Во писмо до акционерите на Беркшир Хатавеј во 2010 година, Бафет ја нарече својата куќа „трета најдобра инвестиција во неговиот живот“, откако се ожени двапати.

    Бафе еднаш имал друга куќа. Во 1971 година, милијардерот купи куќа на плажа во Калифорнија за 150 000 американски долари (приближно денешни 976 500 долари), но ја продаде во 2018 година за 7,5 милиони долари. Оваа куќа имаше шест спални, седум бањи и неколку тераси со поглед кон Пацификот.

    Транспорт

    Во 2014 година, милијардерот купи Cadillac XTS, чија почетна цена е околу 46.000 американски долари. Всушност, Бафет претходно имал кадилак DTC од 2006 година, но решил да купи нов автомобил откако неговата ќерка Сузи го убедила дека е „срамно“ да се вози постар автомобил. Една година подоцна, тој го стави стариот Кадилак на аукција, за што анонимен купувач плати 122.500 американски долари, а приходите беа наменети за хуманитарната организација „Девојки од Омаха“.

    Оставајќи ги автомобилите настрана, Бафет еднаш рече дека еден од неговите неколку луксузи е приватниот авион, што му заштедило многу време. Бафет го нарече летањето со овој авион во 2012 година „единственото нешто што чини многу“. Пред повеќе од две децении, Бафет го купи „Челинџер 600“, луксузен авион кој чинеше околу 32 милиони долари, а подоцна го нарече „незаменлив“.

    Потоа, во 1998 година, Беркшир Хатавеј купи компанија што се занимаваше со приватни деловни авиони – Нетџетс, што им овозможуваше на клиентите да купуваат акции на приватни авиони за заедничка употреба. Бафет е исто така клиент на оваа компанија. Welt X го вклучува богатството и делумната сопственост на Бафет врз деловниот авион Cessna Citation XLS, и проценува дека овој удел вреди околу 700 000 долари (тој авион може да чини и до 13 милиони долари).

    Филантропија

    Како еден од основачите на The Giving Pledge, заедно со Мелинда и Бил Гејтс, Бафет стана еден од протагонистите на „милијардерската филантропија“. Основана во 2010 година, иницијативата сега има потписи на повеќе од 200 богати луѓе, вклучувајќи ги Илон Маск, Марк Цукерберг и Мекензи Скот (поранешна сопруга на Џеф Безос). Како Бафет, овие луѓе ветија дека ќе дадат најголем дел од своето богатство во добротворни цели во текот на целиот живот.

    Од 2006 година, Бафет донираше над 37 милијарди долари од своето богатство, а секоја година донираше околу 1 милијарда долари на разни хуманитарни и филантропски организации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично