ПОВЕЌЕ

    Каде се прелеаа девизнити приливи на Фруктал?

    Време зa читање: 4 минути

    Еден од најпрезнатливите брендови во Македонија за безалкохолни пијалоци Фруктал ги објави своите неревидирани финансиски извештаи за 2020 година. Компанијата која е основа во 1945 година со само 5 вработени и која ги поминала сите фази на развој, модернизација на производство и пробивање на пазар, но и процеси на продажби и превземања, сеуште е верна на своите потрошувачи. 2020 година по многу сегменти ќе биде вондредна година без разлика од кој аспект се анализира, а во таа насока Фруктал исто така евидентираше неколку моменти кои ја одбележаа минатата година. Преку анализа на финансиските извештаи ќе се обидеме подлабоко да навлаземе во функционирањето на компанијата и да ги потенцираме битните настани што се случиле.

    Во билансот на успех се издвојуваат следните елементи:

    • Компанијата ја заврши 2020 година со вкупни оеративни приходи во износ од 6.2 милиони ЕУР и бележи мал пад од околу 5%, во однос на 2019 година. Меѓутоа, за одбележување е тоа што ако во 2019 година домашните и приходите од странство скоро и да биле исти, во 2020 година се евидентираат големи разлики. Имено, домашните приходи имаат пораст од 193% , или се скоро дуплирани, додека приходите од странство се во скоро ист износ но со негативен предзнак. Ваквата продажна промена може да се толкува на два начини:
    1. Компанијата целосно се пренасочила кон домашен пазар и обезбедила доволно голема побарувачка за своите производи
    2. Извозот се прави преку други домашни компании кои работаат како посредници

    Како и да е сепак компанијата и покрај сите ограничувања со Ковид-19 успеала да го задржи нивото на приходи, но со драстично променета валутна позиција.

    • Најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и истите зафаќаат 59% од вкупните приходи.
    • Крајниот резултат е остварена нето добивка во износ од 302.000 ЕУР и истата е за 16.000 ЕУР пониска во однос на 2019 година.

    Во билансот на состојба вниманието го привлекуваат неколку битни карактеристики:

    • Намалување на нивото на залихи. Компанијата успеала да го задржи нивото на производство и преку оптимизирање на залихите и адекватно менаџирање со истите. Во 2020 година залихите се помали за 12%.
    • Намалување на побарувањата од купувачите за 10.5%. Ова укажува на определбата на компанијата за водење структурна политика на наплата и пронаоѓање на решенија за поредовно сервисирање на обврските од страна на купувачите.
    • Скоро двојно е намалена ликвидносната позиција искажана преку најликвидниот елемент(пари и парични средства).
    • Подобрена позиција од аспект на обврски кон добавувачите. Во 2020 година Фруктал успеал да го намали нивото на обврски кон добавувачите во кумулативен износ од 622.000 ЕУР, но од друга страна се зголемило нивото на обврските за кредити во износ од 29.000 ЕУР. На нето основа од овие два параметри Фруктал забележал намалување на обврските од нешто под 600.000 ЕУР.

    Сите овие параметри довеле до тоа нето добивката да изгледа многу мала и недоволна за анулирање на акумулираната загуба на компанијата чие салдо на крај на 2020 година изнесува 5.7 милиони ЕУР.

    Заклучокот е дека индустријата во која што делува Фруктал не претрпела големи шокови од страна на активната потрошувачка, иако претпоствка е дека компанијата се соочила со одредени потешкотии кои беа наметнати од сеуште актуелната криза и можеби одговорите на некои прашања во анализата лежат токму таму. Како и да е на Македонија и требаат вакви компании од аспект на поддршка на земјоделството, развој на индустријата, можности за нови вработувања, како и од аспект на девизни приливи(кои минатата година исчезнаа или се преточија во друга форма?).

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично