ПОВЕЌЕ

    Јубилејни награди за вработените во Орка Холдинг – 33 години успешна приказна

    Време зa читање: 3 минути

    Орка Холдинг, компанијата која повеќе од три децении ја гради својата успешна приказна, со повеќе од 2000 вработени моментално во компании кои делуваат во различни области, на своите долгогодишни вработени и пензионирани членови им додели награди и благодарници за нивната лојалност и придонес во работењето на компанијата, сите изминати години.

    На настанот беа доделени награди и благодарници на 67 вработени.

    Дел од наградените се 15 вработени со работен стаж повеќе од 25 години  и 25 вработени со работен стаж повеќе од 20 години кои сè уште активно работат во компаниите на Орка Холдинг. Благодарници и награди добија и 23 пензионирани вработени од компаниите, а беа доделени и четири постхумни награди.

    ,,Ова е еден прекрасен гест од Орка Холдинг. Огромна е радоста да знаеш дека некој се сетил на тебе долго после твоето заминување во пензија. Имавме прилика да ги видиме луѓето со кои сме го делеле секојдневието долги години од нашите животи. Сите ние кои сме биле дел од оваа компанија знаеме дека менаџментот и компанијата секогаш давале значење на вистинските вредности. Работевме во компанија во која секој вработен се чувствуваше битен, компанија во која функциониравме како едно големо семејство, а оваа организација денес го докажува тоа, дека менаџментот и компанијата,  долго после нашата служба се сетила на нас и го вреднува нашиот труд и работа и годините кои ги поминавме тука не се останати само како бројка на работен стаж туку се вистински ценети. Искрено им благодарам и им посакувам уште многу големи успеси во иднина.’’ – вели една од пензионираните вработени која присуствуваше на овој настан.

    Компанијата која  пред повеќе од 30 години започна со десетици вработени, денес е една од најуспешните корпорации во чии рамки функционираат компании, лидери во своите области. Тоа се должи на квалитетот на работењето, стабилноста и транспарентноста на истото, но и на создавањето на лојален тим на вработени со кои сите предизвици на времето полесно и побрзо се надминуваат.

    ,,Орка Холдинг не се само компаниите во различни области и повеќе од 2000 вработени во тие компании. Орка Холдинг се илјадници семејства на вработените кои сите овие изминати 33 години биле дел од компанијата. Илјадници приказни, споделени моменти, заеднички успеси, поддршка во незавидни времиња.

    Во период подолг од три децении, компанијата помина низ различни периоди, економски кризи и нестабилности, но цврсто поставените столбови поткрепени со квалитетно и примерно работење и со вработени кои веруваат во својата компанија и менаџментот на истата беа клучни за да го постигнеме овој успех и истиот да го одржуваме и надградуваме низ годините’’ – велат од менаџментот на Орка Холдинг.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично