ПОВЕЌЕ

    ЈП Морган Чејс доминира на пазарот на злато

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на 2020 година, ЈП Морган Чејс имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари, и далеку ги надмина своите ривали.

    Банката се занимава, меѓу другото, со трговија, складирање и финансирање на благородни метали, а коронавирусот создаде одлична можност за инвестициски банки кои се занимаваат со злато, сребро и други благородни метали, бидејќи ги охрабруваше инвеститорите да купуваат благородни метали што резултираше со нарушување на приливите на пазарот.

    На овој пазар во моментот доминира ЈП Морган Чејс, бидејќи приходите на оваа американска банка сочинуваат најмалку половина од 1,7-2 милијарди долари кои ги заработиле 10-те најголеми инвестициски банки кои се за занимаваат со благородни метали оваа година.

    До крајот на годината ЈП Морган Чејс може да има приходи од дури 1,5 милијарди долари и да ја загрози „Голдман Сакс“ како најголема банка според приходите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично