Јане Јаневски е новиот претседател на Управниот одбор на „Аутомакедонија“ АД Скопје. Именуван е по отповикувањето на Џон Кирил Јоновски. За промените известија компанијата, преку објава на Македонска берза.
„Аутомакедонија АД Скопје известува дека е извршена промена кај членовите на Управниот одбор на компанијата, со тоа што е извршено отповикување и констатирање на престанок на членот Џон Кирил Јоновски, а со тоа и негово разрешување од функцијата претседател на Управниот одбор. За нов претседател на Управниот одбор е именуван Јане Јаневски.
Промените се извршени во Централниот регистар на ден 02.05.2024“, се вели во информацијата.
По измената, актуелниот Управен одбор е во состав: Јане Јаневски, претседател и членовите Игор Илиевски, Кастриот Арифи и Милан Ивановски.