ПОВЕЌЕ

    Средба на министерката Шахпаска со претставници на МАПАС

    Време зa читање: 2 минути

    Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше работна средба со претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), со кои, како што пишува на нејзиниот фејсбук профил, разговарале за тековните и идни активности на самата агенција и реалната слика во нашата држава.

    Од МАПАС посочија дека од 2019 година зголемен е опфатот на населението во вториот столб, над 50 проценти од вкупното активно население се членови на вториот столб. Членовите во вториот столб се релативно млади лица кои имаат можност за долгорочно штедење на средства на нивните индивидуални сметки, за идна пензија.

    Третиот столб пак брои двојно помал број од вториот односно околу 25 илјади, пишува министерката на ФБ. Од МАПАС иформирале дека дигитализацијата е она на што интезивно се работи изминатиот период, со цел граѓаните ги имаат информациите достапни во секое време. -Она на кое што потребно е повеќе акцент да се стави е поголема информираност на населението и запознавањето со самите пензиски фондови и придобивките од нив. Соработката со МАПАС продолжува и понатаму на полето кое во интерес на сите вклучени страни, пишува денеска министерката за труд и социјална политика на ФБ.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично