ПОВЕЌЕ

    Џек Ма за еден ден се збогати со 2,3 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Казната од неколку милијарди долари изречена од кинеските регулатори на Алибаба го стимулира растот на акциите на овој гигант во електронската трговија, што значително го зголеми богатството на основачот на компанијата Џек Ма.

    Акциите на Алибаба, котирани на берзата во Хонг Конг, зајакнаа два дена по ред, и во вторникот остварија раст од околу 0,5 проценти, по скок од над 6,0 проценти, додека на Волстрит во понеделникот пораснаа за повеќе од 9,0 проценти, што е најмногу во последните скоро четири години, пренесува Танјуг.

    Порастот на вредноста на Алибаба е добредојден и за основачот на кинескиот интернет гигант Џек Ма, чија нето вредност, според индексот на милијардери во Блумберг, скокна за 2,3 милијарди долари за само еден ден, на 52,1 милијарди. Тој во моментов е 25. најбогат човек во светот и трет најбогат во Кина.

    Минатиот викенд, регулаторите на кинескиот пазар на Алибаба му изрекоа парична казна од 18,2 милијарди јуани (2,8 милијарди долари), што е еквивалентно на дел од приходите на компанијата за 4,0 проценти генерирани во 2019 година.

    Кинескиот регулатор ја донесе пресудата со образложение дека Алибаба применила антиконкурентни практики, условувајќи ги трговците дека не можат да нудат добра и услуги што ги продаваат преку нивната мрежна мрежа на ривалските платформи за е-трговија.

    Алибаба веднаш се согласи да ја плати казната и вети дека ќе обезбеди поотворено опкружување за работење за своите трговци и партнери.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично