ПОВЕЌЕ

    Џек Ма конечно се појави во јавноста! Акциите на Алибаба пораснаа за 7% проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Едно видео беше доволно за акциите на Алибаба да пораснат за 7% проценти.

    Видеото се појави на кинеските бизнис-вести и на други интернет-страници, објави АП.

    Џек Ма конечно се појави во јавноста а неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа. Сепак, по три месеци, милијардерот се обрати на група од 100 рурални наставници од Кина, а состанокот се одржа преку видео состанок.

    На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честита на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментира своето исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група „Алибаба“ и групата „Ент“ се под надзор на инспекцијата.

    Тој порано самиот беше учител, па овие теми му се пријатни и не сакаше да го пропушти овој традиционален настан. Неговиот човек за односи со јавност потврди дека ова обраќање се случило денес и со тоа ја потврди автентичноста на видео клипот што се појави во јавноста.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично