ПОВЕЌЕ

    ЈА ПОДДРЖА ГЕРМАНСКАТА ДЕСНИЦА, СЕГА ГО МЕНУВА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Десната рака на Трамп, милијардерот Маск во поход на европската политичка сцена

    Време зa читање: 4 минути

    Откако отворено ја подржа ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) и го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц – „некомпетентен идиот“, најбогатиот човек на светот сега се нафати да го смени британскиот премиер Кир Стармер, и со своето плеткање во политичките текови во Европа ги налути европските политичари.

    Како што објави Фајненшел Тајмс, Илон Маск бил во преговори со свои сојузници во Велика Британија, за смена на британскиот премиер Кир Стармер од неговата позиција пред следните општи избори во таа земја.

    Францускиот претседател, германскиот канцелар, британскиот и шпанскиот премиер – сите ги осудија испадите на американскиот милијардер на неговата социјална мрежа Х (поранешен Твитер).

    Францускиот претседател Емануел Макрон, без да го именува, го обвини Маск дека ја поддржува „новата Реакционерна меѓународна“.

    „Пред десет години, ако некој ни кажеше дека сопственикот на една од најголемите социјални мрежи во светот ќе поддржи нова Реакционерна интернационала и директно ќе интервенира на изборите, вклучително и во Германија, кој би го замислил тоа“, рече Макрон.

    Шпанскиот премиер го повтори изразот. „Реакционерната интернационала, како што рече претседателот Макрон (…), предводена од најбогатиот човек на планетата, отворено ги напаѓа нашите институции, поттикнувајќи омраза и отворено повикува на поддршка за наследниците на нацизмот во Германија на следните избори. изјави Педро Санчез.

    Во последните недели Маск, кој е близок пријател на Доналд Трамп, го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц „неспособна будала“ по нападот на божиќниот пазар во Магдебург.

    Шефот на Тесла го нападна и британскиот премиер Кир Стармер поради небрежност кога тој беше обвинител во 1990-тите во врска со сексуалната експлоатација на повеќе од 1.500 малолетни девојчиња од мажи со пакистанско потекло.

    Берлин ги осуди „непредвидливите изјави на милијардерот“, а Лондон ги осуди „оние кои шират лаги и дезинформации“.

    Мешањето на Маск во германската изборна кампања сега добива друг тек. Во четврток, тој во живо на Х ќе емитува интервју со Алиса Вајдел, копретседател на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), која тој отворено ја поддржува.

    Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ја повика Комисијата да интервенира „со најголема цврстина“. Шефот за надворешни работи на Франција не ја отфрли можноста за забрана на Х во Европа, слично на она што се случи во Бразил. „Ова е предвидено во нашите закони“, рече тој.

    Европската комисија ја истражува социјалната мрежа од 2023 година според Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA).

    Германскиот европратеник Демијан Бозелагер (Зелени/ЕФА) ја испрашува Комисијата за ставот на Илон Маск и законитоста на овие интервенции. „Доколку има прекршување на DSA, би сакал да видам брза реакција. Така, ако многу едноставно, Илон Маск го зголемува сопствениот досег и го користи тоа зголемување за да препорача партија, AfD во Германија на германските избори, ако тоа е незаконски според DSA, тогаш тоа би барало брза акција“, рече Бозелагер.

    Комисијата посочува дека слободата на изразување е во срцето на европските регулативи. Меѓутоа, во овој случај, ЕУ може да употреби уште еден лост.

    „Преку алгоритми, можно е да се фаворизира одреден тип на наратив. Можете да фаворизирате одреден тип на содржина или можете да се обидете да забраните друг тип на содржина“, објасни Томас Регние, портпарол на Европската комисија.

    „Јасно укажавме дека таквиот пренос во живо, во принцип, не е забранет од DSA. Сега, до кој степен е тоа или може да се засили? Тоа е она што Комисијата ќе го разгледа“, додаде тој.

    Комисијата, германскиот регулатор и големите дигитални платформи, вклучително и X, треба да се состанат на 24 јануари за да спречат мешање за време на германските избори.

    Истовремено, според Фајненшел Тајмс, Илон Маск имал приватни разговори со сојузниците за смена на британскиот премиер Кир Стармер од неговата позиција пред следните општи избори, објави во четвртокот Фајненшл тајмс. Мас и досега постојано ја коментираше британската политика, барајќи од премиерот Кир Стармер оставка.

    Маск разгледува опции како тој и неговите сојузници можат да ја дестабилизираат лабуристичката влада и бараше информации за градење поддршка за алтернативните британски политички движења за да принудат промена на владата, се вели во извештајот, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

    „Неговиот став е дека самата западна цивилизација е загрозена“, изјавил еден од луѓето за ФТ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично