ПОВЕЌЕ

    Извозот ја зголеми добивката на прилепскиот Тутунски комбинат

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоки приходи реализирани од извозот на цигари и тутун и зголемена добивка се суштинските резултати од работењето на прилепскиот Тутунски комбинат во годината кога одбележа век и пол од своето постоење. Остварениот профит е во износ од 164.864 илјади денари или 2,67 милиони евра, со што е надминато нивото од 2022, кога биле забележани 140.103 илјади денари, односно 2,27 милиони евра. Се исполнуваат планираните параметри со тенденција да се продолжи со истото темпо и во наредните години, посочуваат од компанијата.

    Оперативните приходи, за кои се наведува дека за мал процент се намалени во однос на  претходната 2022 година, се во износ од 841.912 илјади денари (13,66 милиони евра). Причината за ваквото движење се лоцира кај нешто пониските приливи од продажбата, чија вкупна сума е 826,983 илјади денари (13,4 милиони евра). Конкретно, пад има на домашниот пазар од каде се инкасирани 253,635 илјади денари (4,1 милион евра), за разлика од 2022, кога била реализирана продажба од 262,054 илјади денари (4,25 милиони евра). Сепак, приходите од продажбата на странските пазари се зголемени од 556,052 илјади денари (над девет милиони евра) во 2022 на 573,348 илјади денари (9,3 милиони евра) лани.

    Повисоки се и оперативните расходи од 905.243 илјади денари (14,69 милиони евра) на 952.520 илјади денари (15,46 милиони евра). Тука влијаеле трошоците за суровини и другите потребни материјали во производството, како и за вработените.

    Од Комбинатот посочуваат дека финансиските приходи се зголемени за 30 проценти, од 3,9 милиони евра во 2022 на над пет милиони евра лани. Наспроти тоа, финансиските расходи бележат осумпроцентно намалување и доаѓаат до износ од 620 илјади евра.

    Акционерите на Тутунски комбинат извесен период не добиваат дивиденда, а нема да биде поделена ниту ланската добивка, која целосно ќе биде искористена за покривање на загубите од минатите години.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично