ПОВЕЌЕ

    Известување за клиентите на Триглав Осигурување АД, Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Триглав Осигурување ги известува своите клиенти и соработниците дека согласно препораките на Владата, поради одржувањето на министерскиот состанок на ОБСЕ, Централата на компанијата, која што е сместена во деловната зграда Хипериум, на булевар 8-ми Септември, бр. 16 во Скопје, во среда, на 29-ти ноември, 2023 година ќе работи со скратено работно време, од 08 до 12 часот.

    Во четврток, 30-ти ноември, 2023 година Централата на компанијата ќе работи во хибриден режим на работа, затоа препорачуваме, клиентите, кои ќе имаат потреба од итна и неодложна услуга, да пријават штета или да обезбедат осигурување во експозитурата на Триглав Осигурување во Скопје, Градски ѕид блок 7, позади Аутомакедонија.

    На клиентите, во секој момент на располагање им се и услугите на далечина и онлајн услугите на компанијата, до кои што може да се пристапи на www.triglav.mk.

    За сите консултации можете да се обратите на Центарот за грижа за клиенти, на бројот 0800 02222. Центарот е достапен секој работен ден, во периодот од 08:00-20:00 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично