ПОВЕЌЕ

    Израелците инвестираат милиони евра во производство на канабис

    Време зa читање: < 1 минутa

    Група од израелски приватни инвеститори ќе инвестираат шест милиони евра за производство на првиот индустриски па потоа медицински канабис и тоа во областа Епаноми, во близина на Солун.

    Канабисот ќе се извезува најпрво во Европа и Израел. Првата фаза од инвестицијата, вредна еден милион евра, веќе е започната и се однесува на одгледување на индустриски коноп на површина од 40.000 квадратни метри, вклучувајќи простор за сушење суровини и складирање, а првата берба се очекува во октомври и ноември 2021 година.

    Во втората фаза од проектот, која треба да започне на почетокот на 2022 година, се планира инвестиција од пет милиони евра во формирање на единица за преработка на медицински односно фармацевтски канабис.

    Според информациите, оваа инвестиција ќе овозможи постојани вработувања за околу 40 лица, со дополнителното сезонско вработување, како на пример за време на периодот на бербата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично