Денес, во 13 часот свечено ќе се отвори изложбата на детски цртежи во НЛБ Галеријата во Скопје по повод НЛБ Месецот на штедење.
Изложбата е од хуманитарен карактер и НЛБ банка за секој испратен цртеж донира 200 денари.
Можеби ќе ве интересира: „НЛБ банка по повод Месецот на штедење најави голема хуманитарна акција и едукативни содржини за најмалите“
Собраните средства ќе бидат донирани и ќе бидат наменети за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.