ПОВЕЌЕ

    Италијански банки се соочуваат со загуба од девет милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Италијанските банки може да се соочат со загуба поради заемите од околу девет милијарди евра во 2021 и 2022 година, поради економската штета предизвикана од пандемијата на корона вирусот, според пресметките од италијанската централна банка.

    Иако учеството на нефункционалните заеми на претпријатијата е сè уште многу мало и изнесува 1,5 процент, централната банка предупреди на заканата од зголемениот удел од заеми што клиентите сè уште ги отплаќаат, но според меѓународните сметководствени стандарди се означени како „фаза 2“.

    Нивниот удел се зголеми за 11 проценти во втората половина на минатата година и сега изнесува 10,7 проценти од вкупните заеми, а банките треба да издвојат пари за нив и да се подготват за можни загуби.

    Банките, исто така, вклучија скоро третина од заемите под мораториумот во категоријата „фаза 2“, по повиците од регулаторите да се подготват за можноста должниците да не можат да продолжат со отплата на заемите кога ќе заврши периодот на стимулација.

    На крајот на 2020 година во Италија замрзна отплатата на 147 милијарди евра заеми, што е 9,1 процент од заемите од поголемите банки. Во еврозоната просекот е 2,6 проценти.

    Поголемото учество на заемите под мораториумот, во многу случаи одобрени од секторите најтешко погодени од пандемијата, имплицира дека големите италијански банки имаат повеќе заеми класифицирани како фаза 2 од другите банки во еврозоната.

    Италијанските заемодавачи ги зголемија резервациите за нефункционални заеми за една третина минатата година, погодувајќи ја нивната профитабилност. Просечното враќање на инвестицијата во банкарскиот сектор падна на 1,9 проценти во декември 2020 година, од пет проценти една година порано кога се исклучуваат еднократните ставки.

    Поттикнати од даночни олеснувања, италијанските банки ги намалија нефункционалните заеми во своите биланси за една четвртина во втората половина на 2020 година, на 103,6 милијарди евра или 4,4 проценти од вкупните заеми, од 6,1 процент на крајот на јуни.

    Ова е под пет процентниот референтен праг утврден од европските власти и е за една третина понизок од највисокото ниво од глобалната финансиска криза во 2008/2009 година  и должничката криза во еврозоната.

    Банките минатата година дадоа 33 милијарди евра за проблематични заеми, соопшти италијанската централна банка на крајот на минатата недела.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично