ПОВЕЌЕ

    Истражување: Burn-out синдромот предизвикан од пандемијата силно ги погоди малите бизниси во САД

    Време зa читање: 4 минути

    Ковид имаше разорно влијание врз многу мали бизниси, принудно затворајќи стотици илјади од нив. Сега се повеќе се истражува влијанието на болеста врз сопствениците на малите бизниси. Истражувањето на Capital One Business на оваа проблематика покажа дека многу од сопствениците се исцрпени. И со добра причина, тврди американскиот Форбс, кој деновиве ги објави резултатите на ова истражување.

    Како што пишува Форбс, истражувањето покажало дека „сопствениците на мали бизниси акутно го чувствуваат влијанието врз нивната ментална благосостојба и нивната способност да одржуваат рамнотежа помеѓу работата и животот како резултат на тоа што постојано се справувале со нарушувања поврзани со пандемијата и флуктуирачките состојби низ целата земја во изминативедве години.

    Ова согорување е многу веројатно комбинација на повеќе предизвици, какви што се зголемена инфлација, на трендот на масовни откази на вработените (познати и како Great Resignation или Big Quit, н.з.) и тековниот пораст на Омикрон.Џенис Литвин, авторка на книгата „Пакет алатки за исцрпување на исцрпеноста“, вели: „Неразумните оптоварувања и рокови на крајот предизвикуваат исцрпеност. Вистинското исцрпување (познато и како синдром на burn-out) е дефинирано од Светската здравствена организација како хроничен стрес со кој пациентот не се справува успешно“.

    Исцрпувањето може да создаде криза во секаков бизнис, но, сепак тоа полошо влијае врз малите бизниси, особено ако сопствениците не добиваат помош. Според американската Управа за мали бизниси, во САД има 31,7 милиони мали бизниси, а од нив 81% или 25,7 милиони мали бизниси немаат вработени.

    Еве што се главните наоди на истражувањето кое го спровел Capital One Business:

    Прегореност и исцрпеност

    • 42% од сопствениците на мали бизниси пријавиле дека во скоро време доживеале burn-out.
    • Burn-out синдромот непропорционално влијае на сопствениците на бизнисите кои им припаѓаат на малцинските заедници, 62 отсто од нив изјавиле дека неодамна доживеале исцрпеност, а речиси една четвртина доживува речиси постојана ментална исцрпеност.

    Нема време за одмор

    • Повеќе од половина (52%) од сопствениците на мали бизниси не биле на годишен одмор минатата година.
    • Многумина изјавуваат дека се чувствуваат исцрпени и психички исцрпени, 62% од сопствениците на бизниси изјавиле дека работеле подолго време.

    Како burn-out синдромот влијае на менталното здравје

    • 45% од сопствениците на бизниси изјавиле дека водењето бизнис за време на пандемијата имало негативно влијание врз нивната ментална благосостојба.
    • Третина вели дека не можат да спијат правилно

    Влошен балансот на животот и работата

    • Повеќе од една четвртина (26%) од сопствениците на бизниси изјавиле дека нивната рамнотежа помеѓу работата и животот е полоша во споредба со пред пандемијата.

    Истражувањето на Capital One Business беше спроведено помеѓу сопственици на мали бизниси во Соединетите Американски држави. Како мали бизниси се дефинирани оние чијшто вкупни годишни приходи се помали од 20 милиони долари. Истражувањето собра увид од 1.000 сопственици на бизниси и било спроведено од Morning Consult преку онлајн панел од 17 до 21 ноември 2021 година.

    Малку оптимизам за крај

    Сепак, сопствениците на малите бизниси се оптимисти.Според истражувањето, повеќе од половина (52%) од сопствениците на бизниси очекуваат нивната рамнотежа помеѓу работата и животот да се подобри во следните шест месеци, а 63% очекуваат деловните услови во нивната област да се подобрат во 2022 година.

    Со оглед на важната улога што ја играат малите бизниси во економијата на САД, мошне е важно сопствениците на малите бизниси да се опорават од влијанието што Ковид го имаше врз нивното здравје, заклучува Форбс.

    Совети за сопствениците на малите бизниси

    Според авторката на книгата, Литвин, „сопствениците на мали бизниси честопати се страсно посветени на својата работа, така што исцрпеноста може да се појави без тие дури и да забележат. Кога луѓето прашуваат „како можам да кажам дали изгорувам“, мојот одговор е да ги погледнам малите траги, како што се негативните мисли, како на пример: „Претрупан сум со имејл-пораки“ и слично. Избегнувањето на  обврските е сигурен знак за исцрпеност. Тие вклучуваат мисли како: „Посакувам да можам да останам во кревет до пладне денес“, вели таа. „Најочигледна трага се лути изливи кон саканата личност. Тоа е знак дека нешто друго ве мачи.Други индиции вклучуваат: проблеми со спиењето, чувство на огорченост или дигестивни проблеми“, заклучува Литвин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично