ПОВЕЌЕ

    Предвремена исплата на јануарските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    И овој месец, исплатата на јануарските пензии ќе се реализира предвремено. Почнувајќи од утре, со етапна исплата на пензиите, пензионерите ќе може да располагаат со својата пензија.

    Со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    – Во вторник, на 26.01.2021 година ќе се исплатат пензиите со висина до 11.000 денари;

    – Во среда на 27.01.2021 година ќе се исплатат пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

    – Во четврток на 28.01.2021 година ќе се исплатат пензиите во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

    – Во петок, на 29.01. 2021 година ќе се исплатат пензиите во висина над 18.000 денари.

    Од Министерството информираат и дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари .

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично