ПОВЕЌЕ

    Исплата на дивидендата во акции – ТТК банка доби „виза“ од КХВ за новата емисија 

    Време зa читање: 2 минути

    TTK банка доби официјално одобрение од Комисијата за хартии од вредност, за издавање на четвртата емисија акции, вредна речиси 1,1 милион евра. Издавањето е по пат на приватна понуда, а се работи за 67.587 обични акции.

    Значајно е тоа што со зголемувањето на основната главнина, дел од остварената минатогодишна добивка се распределува како дивиденда во акции, според процентот на учество во акционерската структура.

    „Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на ТТК банка АД Скопје и се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – четврта емисија на акции. Со четвртата емисија на акции ТТК банка АД Скопје ќе издаде 67.587 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција и со вкупна вредност на новоиздадените акции од 67.587.000 денари“, се вели во информацијата од КХВ.

    ТТК банка со ланското работење ја зголеми добивката за 72,9 проценти и достигна износ од над 1,7 милиони евра. Најголемиот дел од 1,1 милион евра ќе се исплатат како дивиденда со акции. Или, акционерите ќе добијат две третини од износот во акции, а останатото во готовина уплатена на трансакциските сметки.

    Најголемиот акционер во малата, но успешна банка е тетовски „Тетекс“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично