ПОВЕЌЕ

    Ирска од 2022-та: Пониски даноци, повисоки пензии и детски додаток, ваучери за струја

    Време зa читање: < 1 минутa

    Точниот датум за новиот пакет мерки ќе биде објавен утре, вели анонимен извор за „Ројтерс“.

    Ирска ќе ги намали даноците, ќе ги зголеми пензиите и детскиот додаток во 2022 година и ќе обезбеди ваучери за плаќање сметки за електрична енергија и гас за да им помогне на граѓаните да ги поднесат повисоките трошоци за живот, вели добро упатен извор.

    Даблин, исто така, ќе ја продолжи програмата за субвенционирање плати до вториот квартал, додава изворот.

    Министрите досега изјавија дека програмата ќе биде продолжена до следната година, но не прецизирано кога точно ќе биде укината, пишува „Ројтерс“.

    Точниот датум за новиот пакет мерки ќе биде објавен утре, вели анонимен извор за „Ројтерс“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично