ПОВЕЌЕ

    Денес може да тргувате со акции без провизија!

    Време зa читање: 2 минути

    Македонска берза АД Скопје денеска ќе иницира т.н. „Инвеститорски ден“, по повод 25 години од основачкото собрание, во кој сите домашни физички лица ќе може да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

    Од Берзата појаснуваат дека сите домашни физички лица на „Инвеститорскиот ден” ќе можат да купат или продадат акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот Депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

    При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен, трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

    Сите домашни физички лица денеска ќе може да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци, преку следните седум членки на Берзата: Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка Скопје, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија.

    „Инвеститорскиот ден“ се одржува на иницијатива на Македонска берза, а која ја прифатија и во неа активно се вклучени ЦДХВ и седум членки на Берзата и ЦДХВ и со поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

    Иницијативата „Инвеститорски ден” има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции што се издадени од домашните компании кои се присутни на Берзата, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

    Од Берзата најавуват дека се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично