ПОВЕЌЕ

    Инвеститорите вложија милијарда долари во Truth Social на Трамп

    Време зa читање: 2 минути

    Новата компанија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека склучила договори за наплата на една милијарда долари од инвеститорите пред планираното котирање на берзата. Trump Media & Technology Group (TMTG) се подготвува да лансира апликација за Truth Social на почетокот на следната година.

    На Трамп му беше забранет пристапот до социјалните мрежи Твитер и Фејсбук откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол на почетокот на јануари. Тој изјави дека „милијарда долари испраќаат важна порака до компаниите за голема технологија дека мора да се стави крај на цензурата и политичката дискриминација“, пренесува Би-Би-Си.

    Трамп ги објави плановите за лансирање на Truth Social претходно оваа година, проценувајќи дека тоа ќе овозможи дијалог „без дискриминација врз основа на политичка идеологија“. TMTG соработува со Digital World Acquisition, таканаречената компанија за специјални намени (SPAC).

    Откако објави дека обезбедил милијарда долари од „разни институционални инвеститори“, TMGT на Трамп се проценува на околу четири милијарди долари во вредност. Според аналитичарите, ова ја нагласува неговата способност да привлече силна финансиска поддршка, и покрај фактот што неговиот претседателски мандат беше обележан со контроверзии.

    Во времето кога му беше забранет пристапот до најпопуларните социјални платформи, Трамп имаше 89 милиони следбеници на Твитер, 33 милиони на Фејсбук и 24,5 милиони на Инстаграм. Многу компании од Волстрит, наводно, ја одбиле можноста да го финансираат TMGT, но тоа било прифатено од семејните бизниси и поединци, како и од некои хеџ фондови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично