ПОВЕЌЕ

    Инвеститорите тријат раце: Aкциите на „Епл“ денес пораснаа за нови 4 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акциите на Apple пораснаа за 4 проценти  денес, со што пазарната вредност на компанијата надмина 1,84 трилиони долари.

    Акциите се продаваа по 443,5 долари по акција.

    Во петокот, кога акциите имаа пораст, „ Apple “ го симна од тронот саудискиот државен нафтен гигант  и стана компанија со најголема пазарна вредност, со што се закити со тутулата највредна компанија во светот.

    Саудискиот Арамоко, кој е највредната компанија откако излезе во јавноста минатата година, сега има вредност од 1,77 трилиони долари.

    Големата заработка на Apple во третиот фискален квартал, објавена во четвртокот, ја зголеми цената на акциите.

    Компанијата се опорави од падот што го доживеа во март за време на пандемијата. Акциите се зголемија за повеќе од 44 проценти оваа година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично