ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови во јуни „потешки“ за 20 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    За еден месец, нето-вредноста на отворените инвестициски фондови се зголемила за 20 милиони евра. На последниот ден од јуни износот е 35,64 милијарди денари, односно 578 милиони евра. Процентуалната промена е за 3,53 насто.

    Во текот на јуни се регистрирани вкупни приливи на средства од 2,47 милијарди денари или 40,12 милиони евра. Во споредба со мај и со тогашните 32,21 милиони евра, постигнат е раст од 24,58 насто.

    Наспроти тоа, според податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, на страната на одливите е забележано намалување од 3,51 отсто. Месецот е завршен со одлеана сума од 1,39 милијарди денари (22,55 милиони евра).

    Оттаму и позитивната нето-разлика од 17,57 милиони евра, која е значително повисока од мајските 8,83 милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично