ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ| ЦВЕТАНКА ХРИСТОВСКА, БРЕНД ДИРЕКТОР ВО ТИНЕКС МТ: Супер Тинекс и Космо од 29-ти во Ист Гејт Мол, за прв пат ќе има каса за самонаплата

    Време зa читање: 5 минути

    Пари: Тинекс отвора два нови маркети во новиот трговски центар Ист гејт мол, може подетално да објасните на колкава површина ќе бидат застапени и што ќе им понудите на потрошувачите?

    Христовска: Во новиот трговски центар Ист гејт мол отвораме нов „Супер Тинекс“ маркет и нова „Космо“ парфимерија. „Тинекс“ маркетот е нов концепт на супермаркет – комбинација од „Супер Тинекс“ и „Тинекс Деликатесен“ и ќе се простира на 2000 м2. Парфимеријата „Космо“ може да се каже дека е една од најексклузивните наши продавници со голем избор на: парфеми, шминки, производи за нега на лице, тело и коса, како и префинет накит. Парфимеријата се простира на површина од 300 м2. Понудата и во „Супер Тинекс“ и во „Космо“ е навистина голема, а постојано подготвуваме и многу нови акции и  промоции за нашите потрошувачи

    Пари: Најавувате новина во маркетите во Ист гејт мол која за прв пат ќе биде присутна во Македонија, може да откриете за што поточно станува збор? 

    Христовска: Како новитет во Македонија, ни е особена чест што ние за прв пат воведуваме едно вакво иновативно решение за наплата во супермаркет, а тоа е касата за самонаплата. Употребата на касата е едноставна, брза и лесна во само 3 чекори, а плаќањето е со употреба на картичка.

    Во чекор со трендовите во светот, се надеваме дека со овој новитет ќе ги приближиме потрошувачите до светските начини на пазарење и ќе ги охрабриме да пробаат едно ново шопинг искуство.

    Пари: Што сè ќе може да се најде на полиците на новите маркети на „Тинекс“, колку производи ќе бидат понудени и дали ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите?

    Христовска: „Супер Тинекс“ маркетот ќе има навистина голем избор на производи, над 30.000 од различни категории како: сувомеснати и млечни деликатеси, алкохолни и безалкохолни пијалаци, производи од органско потекло, блага и солена кондиторија, non food производи – декорации, опрема за домот. Покрај производите од домашните добавувачи, во маркетот ќе има голем избор на премиум производи од различни категории од увоз, односно достапни единствено во продажните места на „Тинекс“.

    Пари: Она што позитивно може да го забележат купувачите е дека „Тинекс“ сè повеќе инвестира во реновирање и редизајнирање на своите објекти, може да ни откриете нешто повеќе за вашите идни планови?

    Христовска: „Тинекс“ е компанија којашто е насочена кон задоволување на потребите на потрошувачите и поради тоа настојуваме да бидеме секогаш подостапни за нив. Редовно ги лоцираме атрактивните локации за отворање на нови маркети, а работиме и на унапредување на постоечките продажни места со единствена цел, комплетно да ги задоволиме потребите и желбите на потрошувачите.  Не би можела да ги откријам плановите на „Тинекс“, но можам да кажам дека ќе продолжиме со овој тренд на раст и развој како и до сега.

    Пари: Короната погоди многу сектори, но не и овој кој помина одлично. Може да откриете како работеше „Тинекс“ во кризата, за колку се зголеми обемот на работа и имаше ли потреба од реорганизација?

    Христовска: Секторот малопродажба во време на светска пандемија продолжи да функционира стабилно, дури и со зголемен обем на работа кај сите, па така и кај нас. Како поголема промена беше тоа што при почетокот на кризата ги насочивме ресурсите кон нашата интернет продавница, со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите и да обезбедиме брза, сигурна и навремена достава низ цела Македонија. Секако дека беше потребна реорганизација на работната сила, согласно мерките и препораките на надлежните институции, но можам да кажам дека одлично се справивме со сите непредвидени и неминовни промени.

    Пари: За колку е зголемена интернет нарачката од Тинекс, што нарачуваат по интернет најмногу граѓаните и дали планирате новини во тој дел?

    Во декември одбележуваме 3 години од отворањето на Е-Тинекс продавницата и можам да заклучам дека за овие 3 години искуството да се работи на ваков проект беше од особено значење за сите нас. Со почетокот на пандемијата, приходите на е-продавницата се зголемија значително и покрај сите предизвици, успеавме да одговориме успешно на истите и да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи.

    Во моментов  Е-Тинекс продавницата е со стабилен раст и позицинонирана високо кај потрошувачите што ни е од особено значење. Што се однесува до потрошувачката кошничка, најзастапени се прехрамбените производи, пијалаци и хигиенски средства. Постојано работиме на усовршување на платформата, проширување на асортиманот на производи според  барањата на потрошувачите и на испораката на свежи и квалитетни производи. Во моментов доставата се однесува само на Град Скопје.

    Пари: По што ве препознаваат купувачите и која е вашата препорака до нив?

    Христовска: Потрошувачите кои пазарат во „Тинекс“ знаат дека кај нас секогаш може да очекуваат голем избор на квалитетни производи, најдобри акции, промоции и намалувања, а ние постојано работиме на следење на конкуренцијата и желбите на потрошувачите за да можеме да ги насочиме нашите ресурси онаму каде што се потребни. Нашата крајна цел е купувачите да ја запознаат нашата приказна и да бидат сигурни дека во нашите маркети секогаш можат да го добијат она што им е потребно по најдобри цени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично