ПОВЕЌЕ

    Зошто инфлацијата постојано се зголемува?

    Време зa читање: 3 минути

    Цените во минатото се неворојатно поинакви од цените денес. Во америка во 1970, за да купите билет за во кино чинело 30 центи. Денес, тој варира околу 9 долари. Тоа се случува поради инфлација. Но зошто настанува таа?

    Владите и банките се опседнати со инфлација. Постојано се собира голем број на податоци за да можат владите со сигурност да кажат, дека инфлацијата се одвива во рамките на предвидениот благ пораст. И секако, историјата има што да не научи ако се случи хиперинфлација, и како таа може негативно да влијае на економијата на една држава. Ова е релативно нов проблем. Во 17тиот век, економијата на Шпанија се распадна поради инфлација, без Шпанија да биде свесна за тоа.

    Постојат 3 причини зошто имаме пораст на инфлација на долг рок, низ целиот свет.

    1. Зголемување на трошоците. Ова настанува бидејки на бизнисите им се потребни повеќе пари за да можат да ги нудат производите и услугите и поради тоа ја зголемуваат цената на истите. Порастот на тие трошоци може да биде поради тоа што цената на природните ресурси кои се користат како суровини да е порасната; вработените бараат покачување на платите; рентата кои што ја плаќаат бизнисите за земјиштето или за недвижностите се зголемила. Поради сето ова, бизнисите ги зголемуваат трошоците и се приморани да ги зголемат цените на производите и услугите. Секако дека дел од нив не сакаат да ги зголемат цените, но многу пати немаат избор. Бидејки ако не ги зголемат нема веќе да можат да опстојат.
       
    2. Зголемување на побарувачката. Ова настанува кога многу луѓе имаат потреба од одредени производи или услуги а компаниите неможат да ја задоволат побарувачката. Главниот двигател за ова е фактот што луѓето станале побогати и можат да си дозволат повеќе работи. Ова е поврзано и со владата која може да ги намали даноците и со тоа индиректно да ги зголеми финансиите кои луѓето се спремни да ги потрошат за секакви цели. Исто така, владата може преку ниски каматни стапки да ја зголеми побарувачката но на долг рок да ја зголеми инфлацијата. Бидејки ако каматните стапки се помали, може да бидете ставени под искушение да земеме поволен заем за да купиме нова кола. Но ако многу луѓе постапат така, салоните за коли ќе приметат дека има поголема побарувачка и ќе ја зголемат цената.

    3. Кога владата принта пари. Историски гледано, многу луѓе кои биле на власт сакале поголема активност и знаеле дека ако има повеќе пари во циркулација во земјата, ќе има поголема активност. Целата економска машинерија ќе почне да работи. Повеќе работни места, поголема потрошувачка, поголема побарувачка. Во модерно време, владите ова го прават и преку задолжување или со дозволување на банките да можат да дадат поголеми заеми на луѓето со подеднакво мало покритие. Вака инфлацијата се зголемува бидејки во опсег има повеќе банкноти. Тоа значи дека повеќе банкноти ќе бидат потребни за да се заврши или купи или изнајми некоја работа. Ова не значи дека не треба да има ни малку инфлација. Како што рекол Џон Мејнард Кејнс, “мала инфлација е добро за економијата.” 

    Општествата учат едни од други. Експертите учат од историјата и историски гледано, знаеме дека со малку инфлација се постигнува раст на економијата на општествата. Можеби тоа не е најоптималниот начин на пораст на богатсвото на нациите, но засега, тоа е најдобриот систем кој го имаме. Благ контролиран пораст на инфлација.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично