ПОВЕЌЕ

    Берзите се вратија во бурни води, но биткоинот останува без големи шокови

    Време зa читање: 2 минути

    Голдман Сакс предвидува дека индексот на акции во Њујорк ќе ја заврши 2020-тата нешто повисоко отколку што е сега, но прво се очекува да доживее скоро 20% надолна корекција во наредните три месеци.

    Аналитичарите во оваа позната банка проценуваат дека индексот S&P500 ќе биде во вредност од 3.000 поени на крајот на годината, кога пандемијата е добро заборавена и економијата се опоравува (во моментов е 2.870 поени). Сепак, инвеститорите треба да се подготват за тешки тестови на краток рок, бидејќи S&P500 се очекува да падне за 18 проценти надолу, за 2.400 поени до крајот на летото. Со ова, Голдман Сакс им се придружува на голем број аналитичари кои предупредуваат дека растот на акциите во април беше предвремен и дека се очекува нов пад на дното.

    Во Америка во април цените паднаа за 0,8 проценти на ниво на потрошувачи во однос на март, а најголемата светска економија имаше 0,3 проценти инфлација на годишна основа. Со исклучок на цените на енергијата (кои нагло опаднаа во последните два месеци) и на храната, годишната инфлација беше 1,4%. Дефлацијата е катастрофална за економијата, а за време на големата депресија, еден од проблемите беше што потрошувачите го одложија решението за набавка затоа што очекуваа производите да бидат поевтини за неколку месеци. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично