ПОВЕЌЕ

    Индустриското производство во мај со пад од 27 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.

    Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.

    Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, електрична опрема, машини и уреди, и моторни возила, приколки и полуприколки.

    Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Еенергија за 9,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 отсто капитални производи за 47 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично