
За една година бројот на работниците во индустријата се намалил за 2,8 отсто, покажуваат податоците за март што ги објави Државниот завод за статистика.
Падот е најизразен во секторот рударство и вадење камен, каде што бројот на работници е намален за 6,9 отсто. Во преработувачката индустрија, која има најголемо учество во индустријата, е регистрирано намалување од 2,8 отсто. Наспроти тоа, раст од 0,6 насто има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Гледано според индустриските групи, намалување на вработеноста има кај: енергијата (-2,1 %), капиталните производи (-3,6 %), нетрајните производи за широка потрошувачка (-3,4 %) и кај интермедијарните производи (-2,9 %).
Зголемување е регистрирано единствено кај трајните производи за широка потрошувачка, каде што бројот на работници е повисок за еден насто.
Негативниот тренд е присутен и на квартално ниво. Од јануари, па заклучно со март годинава, работната сила во индустријата е намален за 3,3 отсто, споредено со истиот период лани.
Аналитика








