ПОВЕЌЕ

    Кои индустрии се во подем во ек на глобална пандемија?

    Време зa читање: 2 минути

    Малку индустрии забележаа раст за време на пандемијата и на најтешката економска криза со која се соочува современиот свет, но индустријата за видео игри е во подем заедно со трговијата преку интернет.

    Играњето видео игри особено се актуелизира во Азија, кога таму започна карантинот, што беше сосема неочекувано. Сепак, без оглед на моменталната состојба со Ковид 19, игрите во последниве години стабилно растат.

    Граѓаните на Германија, на пример, како што беше објавено  во Берлин, во моментов посветуваат повеќе време на играње видео игри отколку порано. Ова го покажа истражувањето на здружението „Битком“, со што околу 55% ​​од Германците го потврдија тоа.

    Во просек, тие сега играат 7 часа подолго неделно отколку пред пандемијата. Авторите на студијата велат дека бројот е скоро двојно поголем од оној регистриран пред коронската криза. Но, не само што се зголеми времето за игра, туку и трошоците.

    Како што понатаму се наведува, еден корисник, во просек, пред пандемијата, трошел 15 евра месечно за играње видео игри, а сега троши 24 евра.

    Секој втор Германец (околу 46%) барем еднаш игра видео игри, а во споредба со 2019 година, тоа е раст од 3 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично