ПОВЕЌЕ

    Имаме 77 пензионери кои уживаат пензија 54.335 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Во јануари, оваа година имало 272 пензионери со пензија над 52.455 денари. 77 пензионери го зеле највисокиот износ од 54.335 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.313 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 54.335 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 894 се со пензија од 41.739 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 323.503 лица додека просечната пензија во јануари изнесувала 15.650 денари.

    Најнизок износ на пензија зеле 78.023 пензионери, од кои 60.651 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.372 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Само во месец јануари имало нови 1.653 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.156 а остатокот жени и најголем дел, 981 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.486 починати пензионери, од кои 2057 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 323.503 пензионери најмногу 322.349 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.065 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 89 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    К.А

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично