ПОВЕЌЕ

    Илон Маск: „Тесла“ во Србија, Словачка и Хрватска од почетокот на следната година

    Време зa читање: 2 минути

    Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, најави дека „Тесла“ наскоро ќе се отвори во Србија, Словачка и во Хрватска. Маск ги сподели овие информации со своите следбеници на Твитер.

    „Се надеваме дека ќе се отвори во Словачка, Хрватска, Србија и поголемиот дел од Источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд што ќе ги има своите автомобили во земјата од која потекнува“, напиша Маск на Твитер.

    Како што пренесува Блиц, иако тој не прецизирал, се претпоставува дека Маск мисли на отворање на претставништво на компанијата што ги прави овие електрични автомобили.

    Во Србија, според податоците за 2018 година, сé на сé имало само 148 електрични возила, а повеќе од половина биле автомобили. Полначи за овие возила се инсталирани на многу локации во овие земји, а 15 полначи со голема брзина се наоѓаат на Коридорот 10. Полначите се поставени на автопатите, во јавните гаражи, во близина на патарините, а на полначите со голема брзина, едно возило може да се наполни за околу 30 минути.

    Потсетете се дека автомобилот на Тесла познат како „Модел 3“ доби „зелено светло“ на почетокот на оваа година за да започне со продажба во Европа. Од август, својата продажна мрежа „Тесла“ започна да ја шири во Источна Европа и купувањето на автомобилите е можно во Унгарија, Полска, Романија и Словенија. Компанијата во моментов има сервисен центар само во Полска, но најави отворање на друг центар во Будимпешта, објави Блиц.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично