ПОВЕЌЕ

    И во декември растеа каматните стапки на банките и штедилниците

    Време зa читање: 3 минути

    Во декември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно зголемување од 0,03 п.п. и 0,07 п.п., соодветно и изнесува 4,44%, стои во најновото соопштение од Народна Банка на РС Македонија. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86% и бележи раст на
    месечна и на годишна основа од 0,09 п.п. и 0,12 п.п., соодветно.

    Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во декември, е зголемена
    за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83%. На годишна основа, оваа каматна
    стапка е повисока за 1,22 п.п. Овој месец, просечната каматна стапка на
    новопримените депозити забележа месечен и годишен раст од 0,07 п.п. и 0,64 п.п.,
    соодветно и изнесува 1,34%, се вели натаму во соопштението на НБРСМ.

    Во декември, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот
    сектор бележи месечно зголемување од 0,09 п.п. и изнесува 3,84%. Притоа,
    промената на месечно ниво е резултат на растот на сите компоненети: каматните
    стапки на кредитите во странска валута (за 0,16 п.п.), како и на каматните стапки на
    денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,02 п.п., соодветно).
    Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на
    корпоративниот сектор се зголеми за 0,36 п.п.

    Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во
    декември, оствари раст од 0,57 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува
    5,02%. Нагорната промена се должи на зголемените каматни стапки на кредитите
    во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула
    (за 1,72 п.п. и 0,14 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити
    со валутна клаузула бележат пад (за 0,53 п.п.). Анализирано на годишна основа,
    оваа каматна стапка забележа раст од 1,80 п.п.

    Што се однесува, пак, до каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, таа забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,01%. Месечната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа годишно намалување од 0,17 п.п.

    (Целосниот текст на најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска:

    https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2022/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2022_dekemvri_mk.pdf. )

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично