ПОВЕЌЕ

    И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТ ВО САД, TikTok стана најбргу растечка платформа со рекордна заработка

    Време зa читање: 3 минути

    Приходите на ByteDance, матичната компанија на TikTok, пораснаа за околу 60% минатата година, исфрлајќи ја нејзината конкуренција далеку зад нив. И покрај забавената кинеска економија, ByteDance е поттикнат од огромната глобална популарност на TikTok, особено во САД – TikTok има 170 милиони американски корисници, а студијата на Pew од јануари покажа дека таа е најбрзо растечката платформа за социјални медиуми во земјата.

    Заработката на компанијата скокна од 25 милијарди долари во 2022 година на 40 милијарди долари во 2023 година. Ова е првпат ByteDance да го надмине својот конкурент Tencent по приходи и профит. Минатата есен, ByteDance ја претстави TikTok Shop во САД, во која претприемачите можат да продаваат производи директно од самата апликација, па успехот беше поттикнат од овој чекор, кој на кинеска компанија ѝ овозможи да се пробие на меѓународните пазари за е-трговија во Соединетите Американски Држави и Југоисточна Азија.

    Во Кина, апликацијата Douyin на ByteDance ги воведе функциите за е-трговија и испорака на храна. Компанијата исто така гради свои чет-ботови и свој голем јазичен модел со надеж дека ќе се натпреварува со OpenAI.

    Меѓутоа, истовремено со рекордните приходи, успехот на TikTok го привлече вниманието и на американскиот Конгрес.

    По долга дебата, американските пратеници усвоија предлог-закон во март со кој ќе се принуди ByteDance – или која било компанија во сопственост на „странски противник“ – да го затвори TikTok во Соединетите Американски држави, освен ако не продаде дел на американска компанија. ByteDance најверојатно ќе ја оспори секоја присилна продажба на суд.

    Сепак, во пресрет на изборите во САД, претседавачот на Комитетот за трговија на американскиот Сенат во средата рече дека пратениците би можеле да го продолжат до една година предложениот рок за да ја принудат матичната компанија на TikTok, кинеската ByteDance, да ја продаде апликацијата за кратко видео што ја користат 170 милиони Американци. Подолгиот рок ќе ја стави секоја потенцијална забрана на TikTok во 2025 година и по претседателските избори во ноември.

    Експертите велат дека забраната на TikTok може да ѝ наштети на кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден, бидејќи членовите на Конгресот добиваат притисок од нивните деца кои ја користат апликацијата. Не е јасно кој претседателски кандидат би бил построг за TikTok по изборите. И двајцата испратија мешани пораки: Доналд Трамп, кој првично се заложи за забрана на TikTok, го смени наративот кога во март изјави дека забраната на апликацијата само ќе ја зголеми големината на Facebook, кого тој го нарече „непријател на народот“.

    Советот за национална безбедност на Бајден го нарече нацрт-законот против TikTok „важен и добредојден чекор“. Но, неговата кампања, исто така, неодамна се приклучи на TikTok во обид да го поттикне ентузијазмот на помладите гласачи.

    Вестите за растот на ByteDance следат по откритијата дека компанијата ја користела технологијата на OpenAI за да помогне во изградбата на сопствен чет-бот со вештачка интелигенција. Заедницата на вештачката интелигенција со вознемиреност го поздрави откритието. Исто така, ги прекрши условите за користење на OpenAI, објави The Verge.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично