ПОВЕЌЕ

    И официјално во употреба магистралниот пат Куманово – со 12 милиони евра реконструирана делница од 31,2 километри

    Време зa читање: 2 минути

    Официјално е пуштен во употреба магистралниот пат Куманово – Страцин. Реконструкцијата на оваа делница со вкупна должина од 31,2 километри, која е во составот на Коридорот 8, чинеше околу 12 милиони евра. На овој настан присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

    „Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за Коридорот 8 на патниот правец исток – запад. Вкупната должина на патната делница Куманово – Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат по повеќе од 32 години. Што значи дека во независна Република Македонија  овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес“, нагласи премиерот.

    Исто така, посочи дека во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир, на источниот крак ќе има комплетен патен Коридор 8. „Од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно“, укажува Ковачевски, додавајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично