ПОВЕЌЕ

    „HSBC“ објави изненадувачки скок од 74% во добивката за третиот квартал

    Време зa читање: 2 минути

    Британската банка „HSBC“ објави изненадувачки скок од 74% во добивката за третиот квартал, откако поминаа стравувањата од влошување на кредитите поради пандемијата. Тоа му овозможи на заемодавачот да објави програма за откуп на акции од 2 милијарди долари.

    Сепак, „HSBC“ рече дека нејзините проценки за трошоците за 2022-ра година се зголемени на 32 милијарди долари од 31 милијарда долари поради инфлаторните притисоци.

    „Иако одржуваме претпазливи изгледи за надворешно ризично опкружување, веруваме дека тешкотиите од последните квартали се зад нас“, рече извршниот директор Нил Квин во денешата изјава.

    Квин, кој беше избран во 2020-та година токму на почетокот на економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, се обложува на Азија за раст со преместување на меѓународните директори таму и истурање милијарди во профитабилниот бизнис за управување со благосостојбата.

    Банката објави добивка пред оданочување од 5,4 милијарди долари за кварталот до крајот на септември, што е повеќе од 3,1 милијарди долари една година порано. Просечната проценка на 14 аналитичари анкетирани од „HSBC“ беше за профит од 3,78 милијарди долари.

    „HSBC“ ослободи 700 милиони долари од резервите издвоени за обезбедување лоши заеми како резултат на пандемијата. Во исто време минатата година, додаде 800 милиони долари во резервите токму за такво развојно сценарио.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично