ПОВЕЌЕ

    „Хотели Метропол“ очекуваат над 70 илјади ноќевања – резервации веќе има

    Време зa читање: 2 минути

    Над 70 илјади ноќевања се зацртани во планот на охридските „Хотели Метропол“, кои годинава треба да претставуваат солидна база за финансиската состојба на акционерското друштво. Понудата е проследена со цени зголемени за 15 до 20 проценти во однос на минатата година, во кои се пресметани инфлацијата, трошоците и влијанијата од конкуренцијата.

    Според проекциите, од туристичко-угостителските и вонпансионските услуги се очекуваат приходи од 224.500.000 денари (над 3,6 милиони евра), а вкупните оперативни расходи се позиционирани на 185.707.000 денари (три милиони евра). Тоа би обезбедило добивка која би го надминала прагот од 38.793.000 денари, или 630 илјади евра.

    Основата за предвидените остварувања се согледува во резервациите кои започнале во текот на минатиот месец, па од „Хотели Метропол“ посочуваат дека ликвидноста расте многу побрзо од претходните календарски години.

    За споредба со планираните достигнувања, во 2023 се забележани приливи од 3,27 милиони евра и добивка во нето-износ од 435,8 илјади евра, која за една година се зголемила за 11 насто.

    Ацонерското друштво „Хотели Метропол“, каде што најголемиот акционер е скопски „Фершпед“, располага со три хотели лоцирани на охридското крајбрежје – „Метропол“ и „Белви“ со четири и „Турист“ со три ѕвезди. Имаат вкупно 368 соби и десет апартмани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично