ПОВЕЌЕ

    Хопин – мал стартап кој ја зголеми вредноста за 100 пати поради пандемијата

    Време зa читање: 2 минути

    Платформа за организирање настани преку Интернет, Хопин, собра инвестиција од 400 милиони американски долари со проценка од 5,65 милијарди, што е повеќе од двојно поголема од вредноста во споредба со инвестицискиот круг од пред четири месеци.

    Ова е значајно како индикација дека трендовите што ни ги донесе пандемијата нема да бидат лесно минливи. За тоа сведочи и брзиот раст на вредноста на другите апликации како што се Зум и Клубхаус.

    Во февруари минатата година, овој британски стартап собра инвестиција од 6,5 милиони долари. Меѓу другите инвеститори, во оваа инвестиција учествуваше и Seedcamp, лондонски фонд и забрзувач познат на локалната заедница.

    Откако ја доби таа инвестиција, основачот на „Хопин“ смело изјави дека тој ќе биде најбрзо растечки стартап во светот и дека софтверот е направен со идеја за поврзување на луѓето и решавање на јасен проблем.

    Една година подоцна, дрскоста изгледа оправдана. Ниту една проценка не беше објавена минатата година, но ако претпоставиме дека вообичаените акции на компании кои инвеститорите ги земаат во кругови се движат од 10-25%, можеме да кажеме дека вредноста на оваа компанија во февруари минатата година беше проценета помеѓу 26 и 65 милиони долари. Имајќи предвид дека денешната проценка е околу 5,65 милијарди, можеме разумно да претпоставиме и да заклучиме дека овој стартап приближно ја зголеми тројно својата вредност за нешто повеќе од една година.

    Со оваа проценка, Хопин е еден од највредните европски еднорози, и иако тие постојат многу кратко време, тие размислуваат да излезат во јавноста следната година. Нивниот годишен обрт е околу 70 милиони долари, што ги прави профитабилни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично