ПОВЕЌЕ

    Халкбанк ја поддржа Меѓународната студентска конференција за специјална едукација и рехабилитација

    Време зa читање: < 1 минутa

    Халкбанк ја поддржа Меѓународната студентска конференција за специјална едукација и рехабилитација во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ. 

    Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет во Скопје организираше Меѓународна студентска конференција за лица со попреченост, која се одржа од 13 до 15 септември на Филозофскиот факултет. Покровител на конференцијата беше премиерот Зоран Заев.

    Конференцијата, во чиј фокус се лицата со попреченост, е прва од ваков тип, а учество со теми и разработка на можностите за подобрување на квалитет на животот на оваа категорија се разгледува од различни аспекти.

    На неа учествуваа студенти од различни факултети од земјава и од странство – Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, меѓу кои и студенти со попреченост. Учесници беа и припадниците на Американскиот мировен корпус кои се практичари и овде работат со деца со посебни образовни потреби. Конференцијата беше инклузивна во целост и како даватели на услуги (угостителски и за изработка на конференциски материјали) беа задолжени лицата со попреченост.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично