Халкбанк АД Скопје е добитник на наградата The Next 100 Global Awards 2020 – Banking Group која ја доделува престижното финансиско списание Global Banking and Finance.
Листата на наградените ја сочинуваат компании кои, како што наведуваат од магазинот, се највозбудливите, најиновативните и најперспективните бизниси од целиот свет.
„На списокот се компании кои се истакнуваат со својата стратегија, посветеност и лидерство, кои покажуваат извонредни достигнувања и производи што им се потребни на клиентите и резултатите кои клиентите ги сакаат, дејствувајќи како катализатор за индустријата“, се вели во образложението на наградата.
Познатиот финансиски магазин од Велика Британија, кој е фокусиран на глобалните финансиски трендови и случувања, од 2011 година доделува банкарски и финансиски награди со цел да се признаат компании од сите големини кои се истакнати во одредени области на експертиза и извонредност во рамките на глобалната финансиска заедница. Наградите, кои се познати низ глобалната банкарска и финансиска заедница, ги рефлектираат иновациите, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени што се случуваат во финансискиот сектор.
Да се биде дел од листата на Global Banking and Finance е потврда за квалитетната и посветена работа на воведување иновативни производи по мерка на клиентите и настојувањата да се обезбеди висок квалитет на услугите во сите сегменти на банкарското работење.