Со генерален штрајк, најавен за утре во Грција, ќе се обележи двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во кој се судрија директен и патнички воз, при што загинаа 57 лица, а речиси стотина беа повредени. Закажани се неколку стотици протести во сите поголеми градови и места во Грција, на различни локации, со кои ќе се блокира патниот, бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и затворање на дел од рестораните, таверните, кафулињата. Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор и приватниот сектор.
Во пресрет на тажната двегодишнина од катастрофалната железничка несреќа во Темби, денес беа презентирани наодите на Националната организација за истражување на воздушни и железнички несреќи и безбедност на транспортот (ЕОДАСААМ) на Грција за несреќата во Темпи. Извештајот од 180 страници го презентираше претседателот на ЕОДАСААМ Христос Пападимитриу и во него се укажа на огромните пропусти и патологии во управувањето, работењето и одржувањето на грчката железница
„Кога ќе се дадат 17 безбедносни препораки, очигледно е дека нема безбедност. Децата беа убиени во Темпи во 2023 година, бидејќи железницата не беше безбедна“, рече претседателот на Комитетот, Христос Пападимитриу, на прес-конференцијата за презентирање на наодите. Тој, сепак, појасни дека задачата за казнување на виновниците е сега на грчко судство.
Вечерта на 28 февруари 2023 година, патничкиот воз ИЦ-62, со 353 патници, од Атина до Солун, тргнал од станицата Лариса во 23:05 часот со задоцнување од 48 минути. Речиси во исто време, товарниот воз 63503 тргна од станицата Неа Порос во обратна насока, односно кон Лариса, исто така со задоцнување до закажаната рута. Малку по 23:18 часот, двата воза директно се судриле, при што товарниот воз забележал брзина од приближно 90 км/ч, додека патничкиот воз се движел со брзина од приближно 150 км/ч, и двата во дозволената брзина, поради што сударот бил многу силен.
Како резултат на сударот избувнала експлозија и огромен пожар. Истрагата утврдила и дека најмалку пет до седум жртви, кои го преживеале иницијалниот удар, потоа починале од последици на пожарот. Во извештајот од истрагата беше нагласено дека симулации и вештачења укажуваат на можно присуство на засега непознато гориво. За ова прашање ќе бидат потребни дополнителни истражувања.
Наодите на Агенцијата го покажуваат и оперативниот хаос во првите часови по несреќата што доведе до губење на важни податоци. Како што е наведено, „она што се случи таму се случи поради недостаток на знаење и подготовка за ваков голем настан – луѓето од службите што побрзаа таму не беа подготвени да се справат со таков инцидент и да ги обезбедат доказите на местото на настанот“, рече претседателот на Организацијата, Христос Пападимитриу.
Беше забележано и дека местото на несреќата не е правилно мапирано и тоа доведе до губење на виталните информации.
Г. Пападимитриу, конкретно, рече дека неуспехот да се заштити местото на несреќата и недостатокот на EODASSAM, кој беше создаден по трагедијата, предизвикаа да бидат загубени витални информации. „Комисијата не може да заземе став дали тоа е направено намерно или по грешка, едноставно вели дека се е направено погрешно“, додаде г. Пападимитриу.
Грчката јавност беше посебно огорчена откако неодамна излегоа аудио-снимки на некои од жртвите, кои го преживеале сударот на возовите, но потоа се задушиле и изгореле. Мајката на една од жртвите во несреќата во Темби, Марија Каристијану, чијашто ќерка на изговори реченицата од аудио-снимката што ја потресе Грција, со зборовите: „Немам кислород“ непосредно пред да почине во згмечениот воз, во пресрет на двегодишнината од трагедијата објави јавен повик: „Најмрачната годишнина од нашите животи се приближува. Ноќта кога корупцијата ги уби нашите деца. А за да не биде разоткриена, таа безмилосно продолжува да ги УБИВА, попатно „собирајќи“ се што ќе им ја оправда душата. „28.02.2025 година е ден на сеќавање“, вели Каристијану во својата објава.
(Фото: Катимерини)