ПОВЕЌЕ

    Обраќање од Управниот одбор на Гранит до Акционерите

    Време зa читање: 4 минути

    Изминатата 2020 година ја обележа светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот која неминовно со своето директно влијание на светската економија, се одрази значајно и врз македонската економија, а одредени сектори без особено погодени од кризата. Во делувањето на стопанството во целина и останатите сектори кои директно не беа погодени од кризата, се соочија со промени во општествените делувања заради намалените инвестиции, динамики во работењето, а зголемени трошоци.

    Секторот градежништво во времето на екот на пандемијата продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности во смисла на отежнати и успорени активности, пред сѐ поради соочувањето со голем број на отсуства на работна сила заради инфекција со вирусот, отсуства заради контакт со инфицирани лица, проблеми со транспорт на луѓе, како и ограничување и забавен пристап на ресурси и стоки до соодветните објекти за градење.

    Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на новонастаната состојба и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности согласно плановите за градење со инвеститорите и истото во наредниот период пред се ќе зависи слободното движење на стоки и луѓе, како и ограничувањата на движење дадени од надлежните органи.

    Како што епидемијата земаше сѐ поголем замав на светско ниво и во Р. Северна Македонија, така се намалуваше динамиката на работата, која во работењето на Друштвото резултираше со намалена активност што неминовно се одрази на бројките на изведени и нови потпишани работи, со што во 2020 година се завршија 23, се потпишаа 16 проeкти, а во тек се 16 проекти.

    Друштвото, како општествено одговорна компанија, активно донираше со цел побрзо и полесно надминување на оваа состојба, со цел како вработените во Друштвото, така и општеството во целост да се вратат во колосекот, стопанството да го продолжи својот развој, а на тој начин и развојот на Друштвото и неговиот фокус за настап на странските пазари.

    2021 година стартуваше со зголемување на цените на одделни производи кои ќе резултираат си зголемување на трошоците за работа на веќе започнатите градежни работи, за кои соодветно ќе се преземат мерки и активности за намалување на негативниот импакт врз работењето и резултатите од истите.

    Во таа смисла Друштвото континуирано ги следи движењата во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување. Согласно предвидувањата за намалување на обемот на активности и пад на македонската економија до крајот на оваа година и пад на БДП за околу -3% до -4%, условите во кои ќе работи Друштвото ќе бидат изменети.

    Предизвикот од оваа општествено економска ситуација на намалени динамики во работењето и ребаланси на буџетот со фокус на справување со кризата предивзикана од Ковид -19 вирусот, беше причината за реализација помала од планираната, но крајот сепак резултираше со позитивен резултат, кој се должи на воспоставените практики за адаптација на долгогодишниот изграден систем на кој фукционира Друштвото.

    Почитувани акционери, Крајниот резултат се потпира на вољата за одржување на веќе стекнатото, остварено преку системот на одржливи вредности, како што се посветеноста на работата, транспарентноста, тимската работа, заштита на вработените и помагање на оние на кои помошта им е најпотреба со цел заеднички надминување на оваа состојба.

    И во овие услови на работа менаџменот ќе остане насочен кон искористување на сите можности за зголемување на реализацијата во работењето и соодветно адаптирање на работењето во новите услови. Сето ова, секако во насока на оствaрување на целите за континуиран раст и развој на Друштвото, со остварување на позитивни резултати на задоволство како на клиентите, така и на нашите вработени и секако на акционерите за нивната доверба и поддршка во процесот на управувањето и развојот на Друштвото.

    Годишниот Извештај го претставува годишното работење на Друштвото од страна менаџметот кој е заснован на барањата на Законот за трговски друшвата, а претставува проценка на информациите на искажаните позиции и резултати во финансиските извештаи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично