ПОВЕЌЕ

    ГД „Гранит“: 1,6 милиони евра за дивиденда од добивките остварени до 2008 година

    Време зa читање: 1 минутa

    Акумулираните нераспределени добивки во бруто износ од 99.727.344 денари или 1,6 милиони евра, кои се реализирани до 31 декември 2008 година, ќе бидат поделени како дивиденда меѓу акционерите на градежното друштво „Гранит“ АД Скопје. По акција, сумата е 36 денари бруто. За предложената одлука ќе се гласа на 30 мај, датумот одреден за одржување на Годишното собрание на акционери.

    Како последен ден за тргување со право на дивиденда за 2022 година е определен 14 јуни. Прв ден за тргување без право на дивиденда е 15 јуни. А, пак, датумот за евиденција, според кој се определува листата на акционери со право на дивденда е 16 јуни.

    Исплатата на средствата од дивидендата ќе се одвива најдоцна до 30 септември.

    Што се однсува до добивката од ланското работење, таа е во износ од 2,1 милион евра, односно 132.887.765 денари. Според предлог одлуката, која исто така е на дневен ред за седницата на Собранието, овие пари се распределуваат за реинвестирање во нови основни средства.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично