ПОВЕЌЕ

    Граѓанската обврзница достапна во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Новата граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии заинтересираните можат да ја купат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје.

    Овој државен финансиски инструмент ќе биде достапен за купување до шести ноември, поточно до крајот на работниот ден , што е согласно издадениот Проспектот на Министерството за финансии.

    За да учествуваат на аукцијата за граѓанската обврзница, потенцијалнит инвеститори треба да потпишат барање кое ќе го добијат на банкарските шалтери. А, потоа и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка, информираат од Банката.

    Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години. Има купонска каматна стапка од пет проценти, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.

    Сите податоци за мрежата на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, каде што граѓаните можат да се обратат за повеќе информации, се достапни на нивната веб страница.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично