ПОВЕЌЕ

    Горка вистина: 1,5 милиони деца берат какао секој ден, од петгодишна возраст

    Време зa читање: 2 минути

    Најновата студија од Универзитетот во Чикаго откри пораст на детскиот труд во глобалното производство на какао и покрај ветувањата на меѓународните компании дека ќе престанат да ги експлоатираат децата.

    Според студијата од Министерството за труд на САД, повеќе од две петтини (43 проценти) од сите деца на возраст од 5 до 17 години во регионите на најголемите светски производители на какао Гана и Брегот на Слоновата Коска, се изложени на ова напорна и макотрпна работа.

    Околу 1,5 милиони деца ширум светот работат во производство на какао, а половина од тој број живеат во овие две западноафрикански земји. Во извештајот се наведува дека „опасната работа вклучува употреба на остри алатки, ноќна работа и изложеност на агрохемиски производи“.

    Вкупниот удел на деца кои се занимаваат со оваа работа е зголемен за 14% во изминатата деценија, се вели во извештајот од Америка и се забележува дека ова зголемување е придружено со 62% зголемување на производството на какао во истиот период.

    Бидејќи вкупното производство на какао драматично се зголеми, неговото одгледување се прошири на Брегот на Слоновата Коска и Гана, каде што инфраструктурата за следење на детскиот труд беше слаба, а свеста за законите што ја регулираа беше многу мала.

    Според Ричард Скобеј, претседател на Светската фондација за какао, извештајот покажува дека „денес сè уште има премногу деца кои одгледуваат какао, кои работат работа за која се премногу млади или работа што ги загрозува“. Сепак, тој смета дека компаниите не можат сами да го решат овој проблем.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично