ПОВЕЌЕ

    Горивата со пониски цени – дизелот поевтин за 3,5 денари, бензините за 2 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Бензините ќе поевтинат за 2 денари по литар, а дизелот за 3,5 денари. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за просечни 2,28 отсто со поседната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Со почетокот на утрешниот ден, горивата ќе се продаваат според новоутврдените максимални цени:

    Цената на литар екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е поиснка за 2,50 денари. А на мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 денари за килограм.

    Регулаторот посочува дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, бележат прпсечно намалување: кај бензините за 5,874%, кај дизелот за 6,505%, кај екстра лесното масло има намалување за 5,671% и кај мазутот за 2,236%.

    Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,4248%.

    Во Одлуката на РКЕ се применети владините одлуки за намален износ на ДДВ и акцизи.

    Трговците на големо и на мало, за одредени нафтени деривати и горива можат да формираат пониски цени, потсетуваат од РКЕ.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично