Добра вест од Регулаторната комисија за енергетика – цената на дизелот паѓа за 8 денари, бензините поевтинуваат за четири денари. Малопродажните цени на нафтените деривати ќе бидат пониски, во просек, за 5,81 отсто.
Намалувањето ги опфаќа и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), каде што надолната корекција е за 6 денари по литар, како и мазутот – еден килограм е поевтин за 2,881 денар.
Од полноќ, на бензинските станици горивата ќе се точат по следните цени:

Одлуката на РКЕ е засована врз ценовните движења на светскиот пазар. Во периодот меѓу двете пресметки, референтните цени на нафтените деривати се намалиле кај бензините за просечни 6,186 отсто, кај дизелот за 10,435 отсто, кај екстра лесното масло за 8,138 отсто и кај мазутот за 7,151 отсто.
Исто така, за 1,0313 отсто е понизок и кКурсот на денарот во однос на доларот.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, повторно потсетуваат од РКЕ.
Аналитика








